1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија, од Бога привилегирана земја

Германскиот бискуп Јосеф Хомајер во интервју со Горан Петрески порачува дека источната и западната црква секогаш имале тешкотии во минатото, но проблемите биле решавани.

Бискупот Хомајер

Бискупот Хомајер

ДВ: Господите Хомајер која е причината за Вашиот престој во Скопје?

Хомајер: Мојата посета се реализира на покана на меѓурелигискиот совет во Република Македонија и фондацијата Конрад Аденауер, за да дадам совет и да помогнам за воспоставување на поефикасна соработка меѓу црквите и верските заедници. Тоа е феномен што во Југоисточна Европа но и пошироко се повеќе добива на значење и пред се’ е важно да се каже дека црквите и верските заедници се обидуваат да делуваат во обликувањето на општествата во кои што се тие вклучени.

Кои се реалните проблеми со кои се соочуваат верските заедници во Македонија?

Неможам одделно да кажам кои се проблемите на црквите и верските заедници затоа што не ги знам. Но дознав низ разговорите и дискусиите со заедниците дека теми што се обработуваат и треба да се решаваат се воведување на веронаука во училиштата, потоа заедничките грижи и проблеми што ги споделуваат сите верски заедници, како што се невработените и сиромашните лица во државата на кои треба да им се обезбеди минимум човечка егзистенција.

Треба ли да се воведе веронаука во образованието?

Бидејќи религијата му припаѓа на човештвото, тоа е разбирливо само по себе. Треба.

Европа очекува либерализација во сферата на религиските права и слободи. Имате ли сознанија дали новиот закон за верски заедници ги обезбедува и ги гарантира доволно верските права и слободи во Макеоднија?

За жал морам да ви кажам дека немам сознанија во врска со тоа.

Како ги оценувате односите меѓу двете најбројни религии во Макеоднија. Православието и исламот?

Од она што можам да го кажам како впечаток од тоа што го чув од претставниците на овие две најбројни заедници односите се добри, но подготвеност за доближување и запознавање на грижите и проблемите на другите исто така постои. Постои заедничка желба и став да се бараат патишта за решавање на проблемите кои настануваат.

Бискупе, Хомајер, во една прилика писмено ја повикавте македонската влада да го ослободи поранешниот владика Јован поради финансиски малверзации. Каков е Вашиот став во врска со Вранишковски и неговата непризната Охридска архиепископија?

Жал ми е, јас тука неможам да дадам став бидејќи случајот не го познавам, не го знам ниту човекот воопшто.

Дали во Македонија сега се гарантирани верските слободи и права бидејќи Јован неможе да ја регистрира неговата црква?

Треба да ги знам фактите, ако е онака како што вие кажувате тогаш тоа не е добро, неможам повеќе да кажам, не ја знам ситуацијата.

Како ги дефинирате односите меѓу Македонија и Ватикан?

Колку што сум информиран односите се добри, во моментот како што гледам има прашања што се ставени на дискусија но исто така има и подготвеност од двете страни тие проблеми да се решаваат.

На кои прашања и на кои отворени проблеми мислите?

Само знам дека има проблеми односно прашања кои што меѓусебно се дискутираат но неможам да кажам од каква природа се тие.

Македонскиот премиер го покани Папата на меѓурелигиска конференција во Охрид. Очекувате ли Папата Бенедикт 16 да ја прифати поканата и да дојде во Охрид?

Немам пристап до календарот на папата и неможам да оценам дали тој би дошол и би присуствувал на една ваква меѓу религиска конференција.

В недела сите христијани заедно ќе го славата Велигден. Му треба ли помирување на христијанството?

Мора секогаш да бидеме подготвени на помирување. Знаеме во минатото, низ историјата на западната и источната црква имало тешкотии, дилеми, проблеми и спорови, но и дека тие секогаш биле решавани. Потребна е уште работа да се надминат тие што сега се на дневен ред, бидејќи има проблеми и сега. Кога говориме за помирување треба да имаме на ум дека треба да има спор, кој што ќе настане и за кој ќе се бара помирување. Прашањата што не се докрај затворени сеуште се дискутираат и се работи на нивно решавање.

Познат сте како борец за германско – полското помирување. Што треба да направат балканските народи да се помират меѓусебе по етничка и верска основа. Имате ли рецепт?

Полско германските несогласувања се решаваа со тоа што се почнуваше дијалог, се разговараше за проблемите и темите, за раните од минатото, и по нивното осознавање дојде до ситуација во која што полските и германските бискупи си подадоа рака и кажаа едни на други: проштеваме и молиме за прошка од ваша страна. Така што ако мислите на некаков рецепт кој што би можеле да го понудиме овде, тоа би било пред се осознавање на фактите, изнесување на дневен ред, дискусија за нив и пред се храброст да се прости. Исус ни покажа како, ни даде сила. Ние треба само да ги негуваме неговите постапки и да се обидеме на тој начин да им простуваме на другите.

Со каков впечаток ќе си заминете во Вашата Бискупија и каква ќе биде генералната оценка за верските права и слободи во Македонија што ќе ја пренесете во Европа?

Прво ќе кажам дека Македонија е од Бога привилегирана земја во однос на своите природни убавини во споредба со другите земји. Јас сум сигурен дека лицата кои се одговорни во политиката ќе согледаат дека во едно демократско и либерално оптштество она што треба секој граѓанин да го ужива е слободата во изборот на својата вера и религија, како и можноста својата обука односно веронаука да ја добие за она што му го нуди државата како слобода.