1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија оди на победа против Грција

Македонските ватерполисти имаат шанса со победа над Грција да се приближат до место во квалификациите за ОИ во Лондон.

Copyright: IRNA Geliefert von Pedram Habibi am 02.01.2011 +++ iranische Quelle ohne internationales Copyright+++

Ватерполо

По вчерашната убедлива победа над Турција од 16:4, македонската ватерполо репрезентација денеска ја очекува потежок испит против селекцијата на Грција во рамките на ЕП кое се одржува во Холандија.

Македонските ватерполисти имаат голем мотив затоа што победата над Грција ќе им ги зголеми шансите за пласман на позицијата која во најмала рака носи место во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.

Натпреварот Македонија – Грција кој се игра во рамките од групата „А“ започнува во 13 часот.

Во останатите два натпревари од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција.

Во „Б“ групата двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска.

Вчера, во првото коло од натпреварите, во групата А, Грција ја совлада Холандија со 14:12, а Унгарија беше подобра од Италија со 12:8.

Во групата Б, Хрватска ја совлада Романија со 10:7, Германија загуби од Црна Гора- 7:13, а Србија ја совлада Шпанија со 8:5.

Автор: БГ/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска