1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија одигра нерешено со Португалија

Македонската фудбалска репрезентација вчера во Леирија, на гостувањето кај Португалија, во пријателски натпревар одигра нерешено 0:0. Следниот пријателски меч е со Ангола.

Селекторот Џон Тошак со подмладен состав им се спротистави на португалските ѕвезди Кристијано Роналдо, Кварезма, Постига, Нани и останатите кои играат во големи европски клубови. Јани Урдинов, Стефан Ристовски, Стефан Спировски и Самир Фазли, кои ја добија довербата на Тошак и од младата се преселија во А репрезентацијата, заедно со останатите кои настапија, успеаја да ги одбијат нападите на петтата светска фудбалска сила. Преку Агим Ибраими, Ванче Шиков и Горан Пандев Македонија имаше шанса и да победи.

Следниот натпревар на турнејата во Португалија, македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра во вторник на 29-ти мај во Есторил против Ангола.

Овие два дуели се во рамките на подготовките на македонската репрезентација за квалификациите за Светското првенство 2014-ти, кои ќе започнат во септември.