1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија не смее да влезе во замка

Софија и Скопје повторно газат по тенка црвена линија. Новата бугарска влада, заради случајот на затворена гевгеличанка со бугарски пасош, се заканува со блокада на македонскиот од кон ЕУ. Дали заканата е остварлива?

default

Експертите во Македонија сметаат дека заканата е реално остварлива и таа го покажува новиот цврст курс на официјална Софија во однос на Бугарите во соседството, што може да се види со именувањето на историчарот Божидар Димитров за министер за дијаспората.

Од црна хроника до политичка сапуница

На почетокот на неделата почна како еден од многуте случаи од црните хроники, а веќе кон крајот на неделата двомесечната затворска казна на младата жена од Гевгелија, Спаска Митрова се претвори во сериозен дипломатски и меѓусоседски спор во релациите Софија-Скопје, за кој се врачи и протестна нота. Употребна вредност добија и новите бугарски пасоши за мнозина Македонци, за на крајот серијалот да се претвори во сапуница со констатацијата на бугарскиот министер за дијаспората Божидар Димитров дека во Македонија има 1,4 милиони Бугари, кои се плашат тоа да го признаат. Згора на тоа, портпаролот на бугарската влада Драговест Горанов

Flash-Galerie Bulgarien Gruppenbild Neue bulgarische Regierung

Новата бугарска влада со нов црвст став по прашањето на Бугарите во соседството

индиректно се закани дека доколку Бугарија не добие одговор на протестната нота до Скопје во рок од една недела, тие ќе преземат и други мерки, што во Македонија се сфати како отворена закана за евроинтеграциите на земјата.

„Ние сега очекуваме одговор. Од тој одговор зависат многу нешта. Нашата категорична позиција е дека дијалог треба да има за сите прашања“, изјави Горанов пред два дена.

Веќе следниот ден, повторно со став се јави контроверзниот историчар Димитров, кој освен тврдењето за над „милион неосознаени Бугари во Македонија“ оцени дека Македонците имале „Б- комплекс“, или бугарски комплекс:

„Б-комплексот е бугарски комплекс. Што значи тоа? Тоа значи дека голема опасност за македонската нација доаѓа од Бугарија“, изјави Димитров за А1.

Можна ли е навистина блокада на Македонија, овојпат од источниот сосед?

Експерите велат дека тоа е реално можно. Бугарија, иако е најслабата алка во големото европско семејство, е сепак внатре и од таа позиција, како и Грција, може да условува.

„Факт е дека е членка на ЕУ и дека преку институциите и телата на Европската комисија може да го наметне тоа прашање, па преку нив да врши притисок врз Република Македонија“, изјави за Дојче веле професорот Звонимир Јанкуловски. Тој оценува дека лично не гледа оти се можни сериозни промени во надворешната политика на Бугарија во однос на Македонија: „Меѓутоа, ќе се обидува овие прашања кои стојат во односите со Македонија да ги искористи таму каде што треба. Всушност, ќе го искористи целиот

EU Erweiterung Symbolbild mit Flagge und Karte

Опасноста за блокада на патот кон ЕУ е реално остварлива

момент на зајакнување на притисокот во односите со Грција околу прашањето за името и Бугарија да се вклучи со своите интереси кон овој дел на Балканот, за кој некој се‘ уште верува дека историски и‘ припаѓа на Бугарија“, вели Јанкуловски.

„Македонија не смее да ја прифати реториката на бугарската влада“

Стево Пендаровски, професор по меѓународна политика на „Американ колеџот“ во Скопје, смета дека Македонија во овој случај треба да се обиде да ја избегне замката што и‘ ја постави Бугарија, и да се држи цврсто до правните аргументи на случајот на Митрова и никако да не се впушта во политички експликации.

„Македонија не смее да ја прифати реториката на бугарската влада. Нашето министерство за надворешни работи со споменување други случаи, на поранешни министри, мислам несвесно го прошири овој локален незначаен случај многу подалеку од неговите димензии и значење. Македонија треба да се концентирира на правниот аспект на овој случај. Бугарскиот аспект е поинаков. Тие сакаат да не‘ извлечат на политички терен и таму да се расправаме за генералната политика кон малцинствата во Македонија“, изјави Пендаровски.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска