1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија не се посрамоти против Русија

Македонската ракометна репрезентација се‘уште има шанси да го избегне четвртото место во групата Б, откако со Русија одигра нерешено 29:29.

Македонските ракометари против Русија го одиграа најдобриот меч во досегашниот дел од Мундијалот, а периодот од осмата до 19-та минута, ја даде сликата за вистинскиот квалитет на оваа селекција.

„Покажавме карактер и борбеност, покажавме дека првите три натпревари ги игравме во грч. Со борба и со желба може се' да се постигне. Оваа Русија е многу поквалитетна од онаа Русија која ја победивме во 2009 година во Хрватска и од Русија со која генерацијата на Пепи Манасков одигра нерешено во Италија во 1998 година, затоа што натурализираа двајца врвни ракометари, Горбок и Шелменко. Овој бод многу ни значи, бидејќи математички се‘ уште не' остава во игра. Пред натпреварот се договоривме да дадеме се' од себе, бидејќи утре е слободен ден. Ние денескa покажавме карактер“, рече вчера (16.01) капитенот на Македонија.

Капитенот Лазаров со 10 погодоци беше најефикасен играч кај Македонија и воопшто на натпреварот. Во македонскиот тим во стрелците се запишаа Стоилов (5), Манасков (4), Георгиевски (2), Мојсовски (2), Филип Лазаров (2), а по еден гол постигнаа Марковски, Ангеловски, Миркуловски и Темелков.

Листата на стрелци кај Русија ја предводеа Дибиров, кој постигна седум и Горбок, кој постигна шест голови.

Македонија во петтото коло, последно во фазата по групи, за противник ќе ја има Данска, а натпреварот се игра в петок (18.01), со почеток во 20:15 часот.