1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија не се откажува од евроинтеграциите

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов оцени дека компромис за името е можен ако Грција реално, а не само декларативно е подготвена за изнаоѓање решение за спорот.

default

Претседателот Иванов

Македонија во 2009 година постигна значајни успеси, но евро-атлантските интеграции се’ уште не се завршени поради наметнатиот спор за името со Грција, истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на приемот што го организираше за претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија. Иванов истакна дека Македонија е подготвена за компромис околу името и оти до него може да дојде доколку Грција реално, а не декларативно покаже подготвеност за решение, добра волја, разбирање и почитување на правото на самоидентификација, самоопределување.

Автор: СН/миа