1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија не очекува одлагање на членство во НАТО поради Косово

*

Нема најави за одложување на членството на Македонија во НАТО, поради случувањата поврзани со Косово, изјави денеска македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски, демантирајќи ги таквите информации од медиумите. Според него, Македонија заедно со другите две земји од Јадранската група, Хрватска и Албанија треба да добијат покана за членство на следниот самит на Алијансата. И министерот за одбрана Лазар Еленовски ги оцени како шпекулација написите според кои покана за членство догодина ќе добие само Хрватска, а Македонија и Албанија ќе бидат на листата на чекање додека не се реши статусот на Косово.