1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија не напредува во борбата против криминалот

Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, не напредуваше во борбата против корупцијата и криминалот. Во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл Македонија е на 105 место.

default

„Корупцијата во Македонија сеуште е загрижувачка“, вели Слаѓана Тасева, која себеси се декларира како борец против корупцијата во врска со вчера објавениот извештај на Транспаренси интерншнл. Листата што Македонија ја рангира на виското 105 место според индексот на перцепција на корупцијата е лош сигнал. Показател дека затаил системот што треба да се бори против корупцијата. „Ова е показател дека во Македонија сеуште не се променило ништо на планот на превенција и борба против корупцијата, во текот на изминатата година не се покажаа некои конкретни резултати“.

Македонија има закон за борба против корупцијата, државна антикорупциска комисија и невладини организации но резулататите се невидливи. Транспаренси интерншнл ја сместува во друштво со Иран, Либија, Малави и Уганда. Сите земји од регионот освен Албанија стојат подобро од Македонија.

Битката против корупцијата неможе да се води изолирано

Многу институции затаија, вели Тасева. „Не препознавме активност на дирекцијата за спречување на перење пари, финансовата полиција како да не постои, јавното обвинителство не одговори на својата задача, во МВР нема оддел за борба против корупцијата, постоеше до пред некоја година, го укинаа. Значи ние немаме ефикасност во бробата против корупцијата, ние немаме соработка меѓу најповиканите институции“.

За битката против корупцијата да биде поефикасна институциите мораат да соработуваат меѓу себе, вели министерот за правда Михајло Маневски. „Прашањето на соработката е уставна и законска обврска, институциите се упатени едни на други, да соработуваат, да се надополнуваат особено во сегментот што значи спречување на корупцијата во Република Македонија“.

Новиот извештај на Транспаренси ја затекнува Македонија во период кога собранието подготвува измени на законот за антикорупција што ќе и дадат поголеми овластувања на државната комисија. И во време кога земјата остана без најпознатата невладина организација за борба против корупцијата, македонксиот огранок на трамнспарнеси интернешнл на кого централата во Берлин му ја одзеде лиценцата за работа поради внатрешни проблеми.