1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

„Македонија не е жариште на организираниот криминал„

*

Безбедноста на Македонија и целиот Балкан е клучна за безбедноста во Европа, изјави во интервју за „Дојче Веле„ Јирген Шторбек, раководител во одделот за безбедност на сојузната покраина Бранденбург и поранешен прв човек на Европол. Тој смета дека доколку Европа не се грижи за безбедноста во регионот, колку и во Франција и Германија, тоа би било штетно за ЕУ и нејзините граѓани. „Македонија не е жариште на организираниот криминал кој би можел да ја загрози Европа, туку една од повеќето земји во Европа низ која се криумчарат илегални стоки. Многу е важно службите за безбедност да соработуваат во борбата против овие појави, вели во интервјуто за „Дојче Веле„ Јирген Шторбек, кој учествуваше во проектите на ЕУ за Македонија Твининг и Кардс.