Македонија нема прва да признае независност на Косово | Македонија | DW | 01.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија нема прва да признае независност на Косово

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во посета на Скопје,најави -независноста на Косово ќе се случи многу бргу.Македонија нема прва да ја признае,ќе ја следи политиката на ЕУ и САД,одговори Црвенковски

default

Косовскиот претседател смета на поддршката на пријателите за независност

Независноста на Косово е неповратен пат,ќе се случи во најскоро време и ние сме во постојан контакт со нашите пријатели во Брисел и Вашингтон,изјави во Скопје косовскиот претседател Сејдиу.Македонија нема прва да ја признае независноста на Косово, ние не сме во позиција да го прејудицираме решението,туку да ја следиме политиката на ЕУ и САД,рече на денешната прес конференција шефот на македонската држава Бранко Црвенковски.Двајцата претседатели позитивно ги оценија билатералните политички и економски односи.