1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија нема покана за мисијата во Либија

Авганистан и Либија се темите на берлинската неформална средба на министрите за надворешни на НАТО земјите и партнерите каде присуствува и вице-шефот на македонската дипломатија, Зоран Петров.

default

Вице шефот на македонската дипломатија Зоран Петров

Шеесетина министри и осумстотини членови на делегации денеска и утре (14. и 15.04.) се гости на германската престолнина, каде попладнево стартува пролетната неформална средба на министрите за надворешни ртаботи на земјите-членки на НАТО, но и Русија, Украина и Грузија. Меѓу учесниците на конференцијата се поканети и земјите-придонесувачи во мисијата ИСАФ во Авганистан. Македониоја денес во Берлин ја претсавува вице министерот за надворешни Зоран Петров.
Иако неформалната средба започнува со анализа на состојбата во Авганистан и мисијата ИСАФ, каде е вклучена и Македонија, жешкиот костен со кој може да се изгорат високите дипломати се вика Либија. Со оглед на тоа што Македонија, иако формалното не е членка на НАТО, секогаш била подготвена за вклучување во мисиите на Северноатлантската алијанса, прашањето е дали можеби на повидок се нови задачи за војниците на АРМ, овојпат во Либија? Зоран Петров вели:

„Засега таква покана немаме. Земјите-членки кои учествуваат во НАТО мисијата во Либија се дефинирани. Главни лидери се Велика Британија и Франција. Во овој момент интервенцијата во Либија е сведена само на еден аспект од воена интервенција. Значи, не е во аспектот на копнена интервенција, со копнени воени сили. Меѓутоа, во зависност од развојот на настаните, во зависност од евентуалното, од можното формирање некоја новa коалиција, доколку добиеме покана сериозно во секој случај ќе ја разгледаме“, изјави за македонската програма на Дојче веле заменик-министерот.

Не се исклучува учество во мисијата во Либија

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne

На неодредено време во чекалницата на НАТО!

Што се однесува до фактот што Македонија, и покрај придонесот во НАТО, се’ уште чека на неопределен рок пред затворената врата заради спорот со името со Грција, Петров со коментарот:

„Нашето учество во мисиите на НАТО, Алијансата не го врзува со нашето директно членство. Меѓутоа, од друга страна, тоа не значи дека ние сме подготвени да се откажеме од нашата цел, од нашиот надворешно-политички стратешки приоритет – евроатлантското интегрирање. И понатаму, без оглед што оваа мисија во Авганистан за неколку месеци ќе биде прекината во нејзиниот воен дел, подготвени сме и помнатаму да учествуваме во мировните мисии на НАТО“.

Инаку, на дводневната неформална средба на министрите ,чии домаќини се шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, присуствува врвот на светската дипломатија. Вообичаени се билатерални средби на маргините на конференцијата и вакви ќе има и вице министерот Петров, на кои ќе го тематизира полноправното членство во Алијансата и ќе го чуе мислењето на партнерите за местото на Македонија во НАТО.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Трајче Тосев