1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија нема да го смени уставното име

*

Македонија го отфрли новиот предлог на посредникот Метју Нимиц за надминување на спорт со иметот со Грција. Државниот врв на Македонија е единствен во ставот дека доколку Македонија биде во позиција да бира меѓу уставното име и членство во НАТО, изборот е уставното име. Покана под привремено име е прифатлива, но никако под име кое не го содржи зборот Македонија.

На вчерашната средба, е одлучено во иднина да бидат координирани меѓународните активности на претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Милошоски.