1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – независност

*

Македонија денеска одбележува 16 години од прогласувањето независност во 1991 година. Вечерва треба да биде одржана свечена академија во Македонската опера и балет. Вчеравечер, во македонскиот парламент беше организиран прием од страна на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски. Тој нагласи дека за македонските граѓани продолжуваат стремежите кон ЕУ и НАТО. На приемот говореше и македонскиот премиер, Никола Груевски, кој рече дека граѓаните треба да се горди што имале историска можност да бидат носители на македонската независност. Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, во обраќањето до граѓаните по повод Денот на независноста, вчера рече дека Македонија е држава чие опстојување и иднина веќе никој не ги доведува во прашање.