1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија: Невладиниот сектор каска кон Европа

Дваесет години невладиниот сектор во Македонија и регионот опстојува без дефинирани правила на игра. Меѓу невладините организации во Европа и на Балканот и покрај приближувањето, разликите и натаму се големи. Зошто?

default

Учесниците на националната конференција на невладини организации

Во Македонија се регистрирани единаесет илјади и петстотини невладини организации. Лани беше донесен нов Закон за невладиниот сектор и до април годинава сите требаше да се пререгистрираат. Вонредните парламентарни избори ја фрлија во сенка оваа активност и сега никој не ја знае судбината на организациите кои од разни причини не ги усогласија актите. Во Охрид на национална конференција претставници на сто невладини од Македонија со експерти од регионот дискутираат за неопходноста од воведување на стандарди кои би го подигнале квалитетот, одговорноста и нивната транспарентност. Наташа Докоска од организацијата „Новинари за човекови права “, вели:

„Оние коишто сакаат професионално да се вклучат и посветат на одредена работа се вклучуваат во невладиниот сектор. Додека оние коишто сакаат да волонтираат и имаат одредена идеја за светот или живеат во некој свој посебен свет – волонтираат и за тоа се социјалните движења. Кај нас и едните и другите се на едно купче, не ги разбираме и мислам дека се додека работиме своеглаво и додека не научиме да прифатиме нешто што ни се нуди ќе тапкаме во место. “

Без знак за еднаквост меѓу невладините во Македонија и Европа

Natasa Dokovska

Наташа Доковска од невладината организација „Новинари за човекови права“

Невладините и волонтеризмот не се сфаќаат исто во Европа и на Балканот, потврдува Аида Дагуда од Сараево:

„ На Запад тоа е работа на некој којшто навистина има време, или после работа, ако навистина сака да придонесе за земјата со својот труд. Пензионерите не се неактивни .Токму тие се активираат во невладините бидејќи имаат многу знаење и искуство да го пренесат. Кај нас , невладиниот сектор е е ден од начините да се обезбеди леб за семејството. “

Дојде времето за нардоната „Чиста сметка, долга љубов “потсетува Докоска:

„ Повеќе не може да се земаат пари, а да не се даваат финансиски извештаи и да не се знае од каде и како се трошат парите?

„Мислам дека Балканот има поголема потреба од невладините отколку западните земји. Но се случува обратното. Се случува условите за работа да се подобри во Европа . И владите да се поотворени за невладиниот сектор отколку во земјите од регионов.“, вели Аида.

Политиката бара простор да „меша прсти “ и во невладините

Јавноста памети стотици успешни проекти на невладиниот сектор од Македонија. Тој се смета и за столб на демократијата . Но, ниту едно општество , па и македонското не е имуно на политичките влијанија , работа која треба да се намали и искорени, смета Сунчица Саздоска од Таксо – Техничка поддршка на граѓански организации:

„ Кога ќе почнат политичките кампањи се појавуваат некои нови организации за кои дотогаш не сме слушнале ништо за нив. Тие одеднаш стануваат многу активни , па одеднаш згаснуваат. Сериозните организации опстануваат со години наназад и успеваат да останат имуни на тие политички влијанија. “

Дека на удар се најчесто организациите за човекови права со конкретен пример потврдува и Николета Пољак од Осиек:

„ На локално ниво ни беше тешко да дејствуваме. Не нарекуваа предавници , бидејќи не ја следевме главната политичка опција во Славонија која е многу конзервативна. “

Она што за Европа е одамна минато за невладините од Македонија и регионот е сегашност. Товар плус е транзицијата која никому, па ниту нив не им дава нормално да дишат.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор:Симе Недевски