1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија на „Фрут логистика“

Македонските трговци и преработувачи на овошје и зеленчук за првпат по повеќе години на саемот во Берлин обединето ги претставуваат производите што ги нуди земјата.

default

Македонскиот штанд на саемот во Берлин

На најголемиот светски саем за зеленчук и овошје, што е во тек во Берлин, Македонија се претставува атрактивно, обединето и агресивно. За разлика од поранешната расцепканост, сега има еден голем штанд на кој шест трговски фирми се претставуваат со производи и преработки од Македонија: домати, краставици, пиперки, компоти, сушени печурки, билки....

Присуството задолжително

„ Да се работи во нашата бранша а да не се дојде на Фрут логистика значи да се откажеш од тој бизнис. Шест години по ред сме тука. Имаме остварено многу контакти и се‘ што видовме и научивме е од корист!“ кажува Иван Туранов, од фирмата „Туран“ од Богданци, кој е еден од ветераните на саемот „Фрут логостика“.
Премиерно во Берлин е фирмата „Баџо“. Гледајќо го убавиот зеленчук, кој беше изложен на штандот на „Баџо“ го прашавме управникот Ристо Енџекчев дали доматите и пиперките се од Македонија или се купени во Берлин?
„Зеленчукот е донесен од Македонија. Ние имаме целогодишно производство на раноградинарски производи: домати, краставици, пиперки. Користиме геотермални води за произсводство, а во стаклениците се користи принципот на хидропонија, што е најсовремена и најсофистицирана технологија на проиводство на раноградинарски производи. Први сме во Македонија со вакво производство“ објаснува Енџекчев, кој го пофали еколошкиот тренд во производството.За опрашување на растенијата се користат само инсекти кои ја ограничуваат употребата на било какви пестициди. Се работи и со биолошка заштита, така што пестицидите се скоро целосно исклучени.

Weinanbau in Mazedonien

Лозја во Тиквеш во Македонија

Ефекти од саемот


Изложеното во Берлин е добар пример за еколошка храна, за која се тврди дека Македонија може да ја произведува. Стандардите, и за неа и за останатиот зеленчук и овошје се меѓутоа многу високи. Дали навистина во Македонија може да се исполнат ?
„За источноевропските земји да, но за оние од ЕУ потешко“
смета Иван Туранов, според кого македонските продукти главно патуваат на пазарите на Чешка и поранешните Југословенски републики. Освен високите стандарди, македонското производство има уште една болка:мало е! Васил Ампов од „Виви пром“ аргументира дека никогаш немаме вишок производство. Го има само кога ќе паднат цените.
Ако навистина има ограничување во пласманот, ја прашуваме Билјана Стоимировска од „Антарес“ од Кочани, дали тогаш доаѓањето во Берлин е само можност за прошетка?
„Не е баш прошетка! Трета година сме тука и сме задоволни од остварените контакти. Дел се реализирани во договори и се надевам дека ќе оствариме и нови, во интерес на фирмата и нашите кооперанти. Претежно сме ориентирани кон германскиот пазар, каде извезуваме свежи печурки, шумско овошје, домати, грозје ...Се ориентираме од потребата на клиентите и се надевам дека годинава ќе има простор и за нови продукти!.