1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија на пат кон НАТО

Македонија е подготвена и квалификувана за влез во НАТО, сепак постојат стравувања од грчко вето поради проблемот со името со Грција.

default

НАТО

Заменикот на помошникот на генералниот секретар на НАТО за безбедносна политика и партнерство Боб Симонс, кој петта година по ред го води проширувањето на Алијансата е категоричен: „Македонија ги исполнува сите критериуми за добивање покана за НАТО, добро ги направи реформите и ги исполни критериумите за членство. Солидно придонесува во мировните операции, сега е полтичка одлука меѓу сојунизиците. Името е билатерално прашање меѓу Македонија и Грција.“ рече Симонс Македонксиот дрвжавнит врв сепак е загрижен. Премиерот Никола Груевски пред учесниците на собирот на НАТО во Скопје рече:„Македонија во овој историски момент за регионот, и покрај позитивните оценки на Алијансата за постигнатиот прогрес со кој се потврдува нашата подготвеност, се соочува со обид на една земја членка на НАТО, да биде спречена во остварување на своето членство во Алијансата истовремено спречувајќи ја на тој начин и Алијансата да ги оствари своите приоритети во регионот.“ смета премиерот Груевски САД сметаат дека Македонија, Албанија и Хрватска треба да добијат покана за членство во НАТО, на престојниот самит во Букурешт.