1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија на ЕП во група со Германија

Жрепката за Европското првенство за ракомет за мажи во 2012 година што ќе се одржи во Србија, беше според посакувањата на македонските репрезентативци. Еден од противниците во групата е и репрезентацијата на Германија.

default

Македонската машка ракометна репрезентација

Репрезентацијата на Македонија во ракомет ќе игра во групата „Б“ заедно се Германија, Шведска и Чешка на Европското првенство што од 15 до 29 јануари идната година ќе се одржи во Србија.

Премиерниот настап на еврошампионатот, Македонија ќе го има на 15 јануари кога во 1.коло за противник ќе ја има Шведска. Во 2.коло на 17 јануари Македонија ќе игра со Германија, а на 19 јануари ракометарите на Чешка во рамките на 3.коло од групата „Б“ ќе им бидат противници на македонските репрезентативци.

Mazedonien Handball Kiril Lazarov

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров

Шансата е во Чешка

Трите првопласирани селекции продолжуваат во следната фаза.

Репрезентацијата на Чешка, според македонскиот селектор Звонко Шундовски може да биде виза за пласман во втората рунда.

Најтешка група ќе биде во Нови Сад каде што ќе играат Франција, Унгарија, Шпанија и Русија.

Состав на групите:

Група А – Белград: Полска, Данска, Србија и Словачка

Група Б – НиШ: Германија, Шведска, Чешка и Македонија

Група Ц – Нови Сад: Франција, Унгарија, Шпанија и Русија

Група Д – Вршац: Хрватска, Норвешка, Исланд и Словенија

Автор:СН/миа/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска