1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија на дневен ред по европските избори во 2014-та?

Три недели пред декемврискиот Европски совет, Роберт Валтер, британски парламентарец и претседател ЕСДА, стравува дека пристапните преговори со Македонија ќе бидат на дневен ред по изборите за европските институции.

„Знам дека Европската комисија кажа многу јасно дека преговорите со Македонија треба да почнат што е можно поскоро. За жал, меѓутоа, јас не можам да бидам толку голем оптимист, зашто стравувам дека отворањето на пристапните преговори ќе биде повторно поместено по пролетните мајски избори за европските институции. Но, оптимист сум, во смисол дека Македонија ќе стане членка на двете организации, НАТО и ЕУ, кога ова, според мене техничко прашање околу името, ќе биде надминато. Зашто за македонските граѓани е исклучително важно да бидат дел од ЕУ и НАТО“, изјави за ДВ Роберт Валтер, член на Парламентот на Обединетото Кралство, претседател на ЕСДА (Европска асоцијација за безбедност и одбрана), вицепретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседавач на Берлинската конференција за безбедност и одбрана, на која два дена (26 и 27 ноември) се расправаше за задачите во Авганистан по 2014 и улогата на ЕУ.

Европската безбедност на агендата

Европската безбедносна и одбранбена политика е високо на агендата на декемврискиот самит на Европскиот совет. Десет години по усвојувањето на Европската безбедносна стратегија, која остана неостварена зашто нема јасно дефинирани цели, ниту статегиско планирање, за неа ќе расправаат шефовите на држави и влади. Дали поради ова прашање, кое за ЕУ е особено ургентно во услови на финансиската криза и преоринтацијата на

Robert Walter, Präsident ESDA

Владата на Обединетото Кралство ја признава Македонија со уставното име Република Македонија - Роберт Валтер.

американските приоритети од Европа кон Пацификот, ќе има простор да се разговара и за почетокот на пристапните преговори со Македонија - е се’ уште целосно неизвесно. Но, извесно и сигурно е, како што подвлекува за ДВ Роберт Валтер, дека „Македонија има голема улога во операциите на НАТО во Авганистан и оваа улога ќе биде уште поголема кога Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО, а со време верувам дека земјата ќе ја видиме и во Европската Унија.“

Со оглед на тоа што до Европскиот совет остануваат само три недели, го прашуваме Валтер - како ја оценува ситуацијата во која се наоѓа Македонија и се заканува ли нова грчка блокада?

„Јас многу јасно ја кажав мојата позиција . Не е до мене да одлучам кое е вистинското име за Македонија. Мојата Влада ја признава вашата земја како Република Македонија. Но, сметам дека ова прашање (околу името н.з.) не треба да го спречи членството на Македонија во НАТО, ниту во Европската унија“, категоричен е Роберт Валтер.

Македонските војници во ЕУ-операциите во 2014

Во рамките на заедничката европска безбедносна и одбранбена политика, во декември ќе се расправа и за европските воени сили во кои учествува и Македонија. „Војниците од ПЈР Македонија“, формулација на која инсистира полковник Петер Келерт, специјален советник во бриселскиот кабинет на претседателот на Европскиот воен комитет (генерал Патрик де Русиерс) моментно учествуваат во ЕУ-операцијата во Босна и Херцеговина.

Peter Kallert, Oberst und Sonderberater European Union Military Committee Chairman’s Office

ПЈР Македонија изрази подготвеност за учество во борбените групи на ЕУ во 2014. - Петер Келерт


„Дополнително на ова, Поранешната Југословенска Република Македонија изрази подготвеност со свои војници да учествува и во борбените групи кои би се формирале и делувале во втората половина на 2014 година, каде би партиципирала еден контингент“, подвлекува Келерт, кој за ДВ нагласува дека „Европската унија е задоволна од придонесот што го даваат војниците на ПЈРМ“. Според него, изразената подготвеност за партиципирање е значајна, иако уште од сега не се знае дали ЕУ воопшто би имала мисии и каде би испратила борбени групи. Инаку, учеството во борбените групи на ЕУ од страна на држави кои не се членки на Унијата е возможно и веќе се практикува. Тоа се т.н. трети земји со кои се склучуваат посебни договори за нивното учество во воените операции на силите на ЕУ.