1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија на балканското дно според слободата на медиумите

Организацијата Фридом Хаус оцени дека состојбата со слободата на медиумите во Македонија дополнително се влошила од лани. Земјата е убедливо на балканското дно.

Македонија се најде на 120. место според слободата на медиумите во 2013. година во најновиот извештај на организацијата Фридом Хаус. Македонија е во групата на делумно слободни земји. На скалата од 0 до 100, Македонија има 56 поени. Директорката на проекти за слободата на медиумите при Фридом Хаус, Карин Карликер, во разговор за „Гласот на Америка“, оценува дека  генерално, политичката состојба во Македонија е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите.

Македонија е најниско рангирана земја во регионот на 120. место кое го дели со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и Сејшели. Во ланскиот извештај на Фридом хаус Македонија беше на 115 место кога имаше 54 поени на скалата од нула до 100. Што се однесува до регионот најдобро рангирана е Словенија, на 40. место и таа единствена е оценета како слободна.

Србија се најде на 74 место, заедно со Унгарија и Црна Гора, Бугарија на 77, Хрватска на 81, Грција на 83, Романија на 86, а Албанија, Босна и Херцеговина и Косово на 90 место.

Во врска со актуелната дебата за новиот закон за медиуми, Карликер оценува

Protest Journalisten in Mazedonien

Протест на новинарите во Македонија (архива)

дека на Македонија и треба саморегулирачка средина во новинарството.

„Ние заговараме подобрена саморегулирачка средина во која проблемите кои политичарите и другите ги имаат со новинарското известување би можеле попрво да се разрешат од медиумски совет, саморегулирачко тело или арбитража, отколку со закон за клевета со високи казни“, вели Карликер. Според Извештајот на Фридом Хаус кој што се однесува на 2012 година, најслободни медиуми има во Норвешка и Шведска. Најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан. Фридом Хаус оценува дека, генерално, во светот лани е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на светската популација која живее во земји со целосно слободни медиуми паднал на најниско ниво во последните 16 години.