1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија напредува кон НАТО

Скопје и Атина мора да се вратат на преговарачка маса за спорот со името под покровителство на Метју Нимиц,двете страни мора активно да се посветат на решавањето на спорот,порача американската амбасадорка во НАТО,Нуланд

default

Нуланд и Груевски

Премиерот на Македонија е целосно предаден на решавање на спорот на Македонија со Грција,а тоа ги радува САД.Се наоѓаме пред историска раскрсница во регионот и сите лидери во Македонија треба да имаат консензуална согласност за приемот на земјата во НАТО.

Со оваа порака во Скопје на новинарите им се обрати амбасадорката на САД во Алијансата,Викторија Нуланд.

НАТО во својата декларација добрососедските односи ги внесе како стожер.Скопје и Атина мора да се вратат на преговарачка маса и да разговараат под покровителство на Метју Нимиц,двете страни мора активно да се посветат на решавањето на спорот,порача Нуланд.Таа напредокот на Македонија кон НАТО го означи како зачудувачки,упатувајќи честитки до македонските војници во меѓународните мисии во НАТО.

Нуланд истакна дека не е дојдена за конечна одлука,туку за помош Македонија да добие покана за прием во НАТО.САД и нивните партнери во Алијансата сеуште немаат конечен одговор за приемот,но поддршката за Македонија е во тесна врска со стратешкото партнарство.Пораката на Нуланд:„Кога трчате маратон,не можете да се релаксирате на две милји пред финишот,туку да спринтувате,да владее правото,да продолжат реформите во мултиетничката полиција и во судството.“

Прашањето за спорот со иемто не го одбегна ниту македонскиот премиер Никола Груевски.Тој сепак во присуство на амбасадорката Нуланд беше доста повоздржан во изјаснувањето за правците за решавање.Спроведувањето на Охридскиот рамковен договор,децентрализацијата,се области каде според Груевски Македонија е успешна во реализацијата на реформскиот курс.Тој со задоволство ги истакна и економските резултати и успесите во борбата против корупцијата и криминалот.

Американската амбасадорка Нуланд по втор пат е во Македонија,откако летоска беше на самитот на НАТО во Охрид.

САД и Канад,кои Македонија ја имаат признато под нејзиното уставно име,ја поддржуваат на патот за членство во НАТО,изјави макеоднскиот министер за одбрана Лазар Еленовски по посетата на тие земји.