1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија може да обезбеди безбедност од ектстремистички групи

*

Македонија може да обезбеди стабилност и безбедност од екстремистички групи,изјави вчера македонскиот премиер Никола Груевски во врска со инцидентот, за кој се претпоставува дека го извршиле лица од Косово.Вчера попладнето загина еден полицаец,а двајца се ранети,откако врз џипот на патролата на македонската гранична полиција било пукано,по што тој излетал од патот и се превртил кај месноста Кодра Фура.Овие периферни инциденти би морале да бидат дополнителен поттик за зголемување на свеста кај сите одговорни регионални и меѓународни фактори за неопходноста од што поскоро приближување на целиот регион кон ЕУ,изјави Груевски на средбата со словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел во Скопје.

Гостинот,чија земја наскоро ќе претседава со ЕУ,ја нагласи потребата Македонија да продолжи со внатрешните реформи, кои ќе придонесат за динамизирање на процесот на европската интеграција.