1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија може да биде пример за дијалог

Рене ван дер Линден во изјава за редакцијата на Македонски јазик на Радио Дојче Веле верува дека Македонија може да биде пример во регионот за дијалог меѓу етничките заедници во земјат. Иако за него прашањето за името на Македонија не претставуива проблем, сепак тој смета дека треба да бидат направени напори за да се изнајде решение меѓу Македонија и Грција.

Рене ван дер Линден

Рене ван дер Линден

Советот на Европа и посебно Парламентарното Собрание преку својот пост-мониторинг дiјалог со внимание го следи развојот на ситуацијата во Македонија. Во тој контекст, според Рене ван дер Линден, претседателот на Парламентарното Собрание, со големо внимание се следи не само внатрешната ситуација во Македонија, туку и односите со соседите, со посебен акцент врз економските и се разбира врските на Македонија со Советот на Европа.

„Уште еднаш ја подвлекувам потребата да се има силна и тесна врска со Советот на Европа, бидејќи тоа е еден од модалитетите на патот кој води кон членството во Европската Унија.“

Рене ван дер Линден и покрај резервите на неговата родна Холандија околу процесот на проширувањето, тој во секоја прилика нагласува дека местото на земјите од Балканот е во Европската Унија. Советот на Европа на сите овие земји може да им помогне да ги исполнат условите за членство во Унијата. Тука посебно станува збор за почитувањето на човековите права, демократијата, правната држава и на правата на малцинствата, области во кои мислењата на Советот на Европа се земаат во предвид од Европската Унија.

Република Македонија на својот пат кон Европската Унија сигурно дека ќе се соочи и со нерешеното прашање со Грција околу името.

„За мене тоа не е проблем. Тоа е проблем меѓу Грција и Македонија, тие мораат да го решат проблемот меѓу нив,“ релативизира ван дер Линден. Но сепак тој советува: „Потребно е да се направат напори за да се постигне решение меѓу двете земји.“

Околу недостигот на политички дијалог меѓу власта и опозицијата, посебно со опозиционите партии од албанската етничка заедница и владата, претседателот на ПС на СЕ, е убеден дека тоа може да биде надминато.

„Верувам дека Македонија може да даде пример, дека двете заедници можат да живеат заедно.“

Тука тој мисли на македонскиот пример за соседно Косово, од чија стабилност зависи и стабилноста на Македонија и на поширокиот регион.

„Ние веќе пружаме голема помош за Косово, кога станува збор за правата на малцинствата и културното и историско наследство. Како што рече и г-динот Ахтисари овде во Стразбур пред ПС на СЕ, ние сме подготвени и понатаму да помогаме да се најде решение за статусот на Косово,“ изјави Претседателот на ПС на СЕ за Радио Дојче Веле.