1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија: Мито плаќаат и граѓани и селани, и мажи и жени

Македонските граѓани кои биле изложени на корупција, во просек платиле мито од 470 евра, најчесто за услугите на докторите во болниците, полицијата и професорите за полагање на испит.

default

До вакви резултати дојде македонскиот Државен завод за статистика (ДЗС) во рамки на истражување како дел од проектот „Корупција во земјите од Западен Балкан“ на тема „Корупцијата во Република Македонија: Подмитувањето искусено од населението“.

Анкетата покажува дека 10,8 отсто од граѓаните имале искуство со корупција, но тоа не значи дека влегле во облици на корупција, додека со конкретно подмитување искуство имале 6,2 отсто од граѓаните. Бројките се однесуваат на корупција во јавната администрација.

„Овие резултати покажуваат дека корупцијата има поголема распространетост во југоисточниот регион и скопскиот, додека многу помалку во југозападниот,

Symbolbild Korruption Geldscheine

Плаќањето мито најчесто е во пари, а многу помалку во услуги и подароци

Пелагонија и Полог. Во светот корупцијата се третира како урбан проблем, но кај нас се покажа дека е еднакво присутен и во руралните и во урбаните средини и подеднакво учествуваат и мажите и жените“, рече Благица Новковска, директор на ДЗС.

Резултатите покажуваат дека плаќањето најчесто е во пари, а многу помалку во услуги и подароци. Најчесто граѓаните плаќаат мито за полесно да ја завршат работата.

„Голем дел од граѓаните корупцијата не ја сметаат како нешто криминално, туку како нешто што треба да го прават“, истакна Новковска.

За жителите на Македонија најголем проблем со кој се соочуваат граѓаните е невработеноста, сиромаштијата, а на трето место е рангирана корупцијата. Истражувањето е направено во текот на есента минатата година на 3.500 испитаници.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски