1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија меѓу надежта и песимизмот

Македонската опозиција иницира вонредно парламентарно свикување. Државата не смее да биде колатерална штета на разликите меѓу членките на Унијата околу буџетот, зошто тоа би бил лош сигнал за регионот.

default

Амбасадорот Фуере денеска со нов политички поттик. Сеуште има шанси за Македонија на самитот во четврток или петок. Свесни сме дека приближувањето на Македонија до ЕУ беше движечка сила за реформските процеси во државата, рече ново именуваниот дански амбасадор Гунар Ортман, во Скопје.

Дипломатските извори во Македонија не исклучуваат поволни вести од sамитот на ЕУ во петок.

Макеоднскиот партиско – владин врв е во Маврово. Власта и опозицијата ги разгледуваат приоритетите по евентуалната македоснка кандидатура. Поранешниот шеф на дипломатијата Слободан Чашуле, денеска иницираше вонредно парламентарно свикување ако одговорот од Брисел е позитивен тогаш, дебатата би била што 2006 година е приоритетно. Доколу во чекалната останеме за на пролет, владата мора да информира зошто вели Чашуле.

„Ако пак исходот на самитот биде непотврдување и одлагање на нашата кандидатура за на пролет, тогаш да излезат и повторно да реферираат, да ги објаснат феномените кои го усвоија решението да биде такво, и да ја известат јавноста дека мора да продолжиме со дополнителни напори. Јавноста мора да разбере дека она што го правиме, го правиме за нас, а не за другите, и дека и во едниот и во другиот случај треба да продолжиме да градиме држава со европски стандарди. Упорно пропуштаме тоа да го сториме. Упорно ја сведуваме целокупната таа акција на натегање и натпревар околу датуми. Едните бараат побргу, а другите седат на ѕидот и ги гледаат недоволните перформанси и од името на некаква опозиција заговараат други датуми, безконечно оддолжување.“

Шефот на парламентарнтата комисија за евро – интеграции оценува дека нема место за некаков евро – скептицизам или песимизам, по првите лоши абери од Брисел. Но во секој случај ако се остане на постојната одлука од Советот на министри тогаш тоа е лош сигнал за целиот регион, истакнува Каролина Ристова

„Ние сме на некој начин жртва на тие процеси, така што и да правевеме тоа немаше да може да се спречи. Главната поука која што мислам дека треба да се направи е дека доколку Унијата на 15 ти одлучи да не расправа за нашата кандидатура, сепак да не заврши работата со тоа не е време сега за тоа, туку да се дефинира, дали на следниот самит или во кој точен период ќе се одлучува за нашиот кандидатски статус и дека ова ќе претставува многу лоша порака не само до Македонија туку и до целиот регион и затоа оние држави кои што имаат резерви во рамките на Унијата да на некој начин го променат својот став. “ кажа за Дојче Веле Каролина Ристова од СДСМ.

Во меѓувреме државниот и владиниот врв е во постојани дипломатски контакти пред заминувањето во Брисел се сретаа Црвенковски, Бучковски и Митрева. Премиерот е сеуште во Израел, а шефот на дипломатијата во Брисел го очекува аберот од самитот на ЕУ.

Поврзана содржина