1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија маршира за толеранција

Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 ноември во Македонија се одбележува со граѓански марш и апели за донесување закон против секаков вид дискриминација и нетолеранција.

default

Не за дискриминација и нетолеранција

Организатор на маршот е Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЦИВИЛ, според кој денешниот ден е можност да се проговори и дејствува против дискриминацијата од секаков вид.

Тие апелираат македонската влада да го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација, а политичките партии, институциите, образованите кадри, верските заедници, граѓанските организации и медиумите да ги промовираат толеранцијата и недискриминацијата во своите средини и да ги почитуваат приниципите кои на човештвото му гарантираат подобра иднина, наспроти предрасудите, омразата, непочитувањето, понижувањето и насилството.

Автор: ЖА/АТ/миа