1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – Маковеј

*

„Македонија го прифаќа моделот Маковеј„ – е насловот на статијата во романскиот весник „Евениментул зилеј„ што се осврнува на именувањето на поранешната романска министерка за правда Моника Маковеј за советничка на македонскиот премиер Никола Груевски за прашања на борба против корупцијата. Македонската влада очекува од ангажирањето на Маковеј да добие позитивни оценки во преговорите со ЕУ, пишува весникот.

Моника Маковеј одигра важна улога за приемот на Романија во ЕУ на почетокот од годинава, бидејќи стекна голем углед во Брисел поради бескомпромисната борба против корупцијата. Подоцна беше сменета од функцијата министер за правда, бидејќи на нејзиниот „црн список„ се најдоа и високи владини функционери.