1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија и Косово се‘ уште немаат разменето ноти за дипломатски односи

И по една година од прогласувањето на независноста на Косово, властите во Приштина и Скопје тактизираат со воспоставувањето регуларни дипломатски односи.

default

Од седницата на македонскиот парламент кога беше призната независноста на Косово

Признавањето на Косово се случи откако во македонскиот парламент беше усвоена резолуција со апсолутно мнозинство на пратениците од власта и опозицијата. Тогаш, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оцени дека е тоа исклучителен гест на добрососедство меѓу властите во Приштина и во Скопје.

Не брзаат ниту Скопје, ни Приштина

По пет месеци од признавањето на независноста на Косово, македонската влада сака да ги нормализира односите со Србија, откако од Белград беше протеран македонскиот амбасадор, Александар Василевски, поради тоа што македонската влада ја призна независноста на северниот сосед. Сега, за нов амбасадор во Србија е номиниран поранешниот претседател на парламентот, Љубиша Георгиевски. Но, не брза ниту Приштина, особено откако е под притисок на Грција која бара Косово да не го признае уставното име на својот јужен сосед. Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, иако во улога на претседавач со ОБСЕ, тоа во Приштина им го ставила јасно до знаење на косовскиот претседател и премиерот, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи. За косовските лидери, Грција иако не ја признава независноста на Косово, е важен партнер во регионот.

Под вакви околности, без разменети ноти за дипломатски односи, во

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt Menduh Taci im Parlament

Мендух Тачи смета дека планот на Бан Ки Мун за Косово е проблематичен

Скопје и Приштина засега нема притисок конечно да заврши обележувањето на заедничката граница, пишува весникот на албански јазик во Македонија „Коха“. Останува спорна важната стратегиска кота на планината Скопска Црна Гора, Кодра Фура, до каде се поставени граничните пирамиди на 220 километри долгата граница.

Добра економска соработка

Независно од овие меѓусебни тешкотии, Македонија и Косово имаат одлична економска размена од над 300 милиони евра годишно. Македонија не

Grenzübergang zwischen Mazedonien Kosovo und Albanien

При обележувањето на македонско-косовската граница, спорна е котата Кодра Фура

е многу присутна во сферата на енергетиката кај соседот и нема добра патна поврзаност.

На политички план, етничките релации се многу поинтензивни. Речиси континуирани се средбите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Приштина, а неодамна во Скопје и Тетово беа косовскиот премиер, Хашим Тачи и опозициониот лидер, Рамуш Харадинај.

Поделба на Косово по етничка линија е опасна

Албанскиот политички фактор во Македонија го поздрави распоредувањето на силите ЕУЛЕКС на Косово, иако лидерот на ДПА, Мендух Тачи тогаш рече: „Мислам дека распоредувањето на ЕУЛЕКС не е проблем, туку голем проблем е планот на Бан Ки Мун. Шесте точки, сакал некој или не, значат поделба на Косово. Мислам и се надевам дека се‘ уште сите имаме консензус за тоа дека нема поделби.“

Идејата за можно отцепување на делот на Косовска Митровица населен со Срби, многумина во Македонија ја доживуваат како реална опасност и за нејзината целовитост и за регионална дестабилизација. Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, во предновогодишното обраќање рече: „Евентуална поделба на Косово по етничка линија е опасно и може да предизвика тешки последици по целиот регион. Во таа смисла последните збиднувања во и околу Северно Косово со право предизвикуваат загриженост. “

И дел од македонските експерти, особено меѓу Албанците, сметаат дека поделбата на Косово може да предизвика реакција на сврзани садови во регионот, особено кон Босна и Херцеговина и кон Македонија.