1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија и ЕУ потпишуваат спогодба за олеснување на визниот режим

*

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Европскиот комесар за безбедност и прадвада Франко Фратини и министерот за внатрешни работи на Португалија Антонио Луис Сантос да Коста , денеска во Брисел ќе ги потпишат спогодбите за визно олеснување и реадмисија меѓу Европската унија и Република Македонија. Спогодбата предвидува и поедноставување на документацијата за добивање визи како и одделна категорија граѓани од 1 јануари 2008 година полесно да патуваат во ЕУ. Покрај Македонија договори за визни олеснувања и реадмисија треба да потпишат и Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.