1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија и ЕУ потпишаа спогодба за олеснување на визниот режим

*

Во Брисел денеска се потпишани спогодбите за визно олеснување и реадмисија меѓу ЕУ и Македонија. Потпис на документите ставија македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, европскиот комесар за безбедност и правда, Франко Фратини и министерот за внатрешни работи на Португалија, Руи Карлос Переира. Спогодбата за визно олеснување предвидува поедноставување на документацијата за добивање визи, како и одделна категорија граѓани од 1 јануари 2008 година да можат полесно да патуваат во ЕУ. Македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за Дојче Веле изјави дека со спогодбата е овозможено и добивање повеќекратни визи, со важност до пет години. Целосното укинување на визниот режим е пред се‘ политичка одлука, но независно од тоа Македонија работи напорно и успеа да исполни огромен дел од т.н. технички критериуми, рече Јанкуловска. Покрај Македонија договори за визни олеснувања и реадмисија потпишаа и Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.