1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија и ЕУ потпишаа договор за олеснување на визниот режим

Договорот предвидува издавање визи за одредени категории на граѓани со времетраење од една до пет години. Целосното укинување на визите според министерот Гордана Јанкуловска е прашање на политичка одлука.

default

Гордана Јанкуловска

Потпис на документот претпладнево во Брисел ставија еврокомесарот за правда Франко Фратини и министерот за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска. Договорот ќе стапи на сила откако ќе го верификуваат Европскиот парламент и собранието на РМ.