1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија и Германија со последни контроли

Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе го одигра последниот контролен меч пред настапот на Европското првенство во Србија. И противникот и фаворит во групата, Германија, попладне го игра последниот тест-меч.

default

Македонската ракометна репрезентација

Ракометните репрезентации на Македонија и на Германија на Европското првенство ќе се натпреваруваат во групата Б, заедно со репрезентациите на Шведска, Германија и Чешка. Нивниот меѓусебен натпревар е на 17 јануари во Ниш. Македонија шампионатот на 15. јануари ќе го отвори против Шведска, а Германија со дуелот со Чешка. „Црвено-жолтите“ последниот натпревар во групата, на 19 јануари, го играат против Чешка, а за Германија тогаш следува , како што го нарекуваат, дербито на групата против Шведска.

Германија тестира со Унгарија

Deutschland Sport Handball Pressekonferenz Heiner Brand

Легендарниот тренер Хајнер Бранд повеќе не е на клупата на Германија

Фаворитот во групата Б, Германија, денеска (08.01) попладне во Магдебург го игра последниот подготвителен натпревар пред Европскиот шампионат, во кој противник е Унгарија. Германците и вчера ги тестираа можностите против истиот противник. Мечот во Бремен заврши со победа на Германците со 36:33. Најуспешен стрелец на натпреварот беше левото крило Уве Генсхајмер со 12 постигнати голови. Ова беше прва победа на германските ракометари под раководство на новиот селектор Мартин Хојбергер, кој на оваа важна функција во германскиот спорт го замени долгогодишниот успешен предводник на машката селекција Хајнер Бранд.

Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот

Противник на ракометната репрезентација на Македонија, на последниот тест- меч пред ЕП, вечерва во Смедерево, ќе биде домаќинот на Еуро 2012, Србија.
По овој натпревар, селекторот на репрезентацијата Звонко Шундовски ќе има
многу појасна слика околу тоа со кои играчи ќе патува во Ниш. Шундовски, во
моментов на располагање има 19 играчи. Сите тие ќе добијат шанса против
Србија, но по натпреварот селекторот ќе треба да реши со кои 16 ракометари
ќе настапи на континенталното првенство.

Автор:Симе Недевски/дпа/сид/мф

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска