1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија и Германија пред клучни дуели

На македонската и на германската фудбалска репрезентација утре (12.10.10) им претстојат можеби клучни дуели во квалификациските групи за пласман на европското првенство во Полска и Украина наредната година.

default

По радоста против Турција, Германците пред ново искушение

Со победа над Русија, македонските репрезентативци имаат шанса да се извадат за лошиот старт, додека Германците со три бода од дуелот против Казахстан, ќе си го олеснат патот кон освојување на групата.

По убедливата победа над Турција од 3:0, германската фудбалска репрезентација се подготвува за заокружување на успешниот циклус со дуелот против аутсајдерот во нивната квалификациска група Казахстан. Сепак, мечот нема да биде само обична прошетка за германските фудбалери, како што можеби многумина очекуваат. Натпреварот ќе започне во 23 часот навечер по локално време, а ќе се игра на вештачка трева.

Играњето на вештачка подлога сепак не е целосна непознаница за репрезентативците бидејќи минатата година против Русија го играа одлучувачкиот меч, и победија. „Мечот во Москва беше пред многу месеци. Сега имаме само два дена да се подготвиме и да се адаптираме“, вели селекторот Јоаким Лев.

Клозе погодува само во националниот дрес

Fußball Deutschland Türkei EM Qualifikation

Мирослав Клозе е несопирлив во националниот дрес

За Мирослав Клозе тоа секако нема да биде проблем. Во дресот на Бајерн ретко погодува, но затоа во националниот дрес ништо не може да го запре. Против Турција постигна два гола. Доколку погоди и против Казахстан тоа ќе биде неговиот десетти гол за националната селекција годинава. „Ние ја организираме играта преку средината на теренот. Веројатно поради тоа полесно доаѓа до шанси, а кога игра за репрезентацијата има поголема самодоверба“, вели Лев за Клозе.

По убедливата победа над Турција, целта против Казахстан е јасна. Четврта победа во четвртиот меч од квалификациите и трасирање на патот кон Европското првенство во Полска и Украина.

За разлика од германската, македонската фудбалска репрезентација утре ќе има далеку потешка задача. Во Скопје гостува најдобрата селекција на Русија, осоколена по победата на гостувањето во Ирска во петокот. И Македонија конечно ја забележа првата победа во квалификациите на гостувањето кај Андора, но и покрај лошиот почеток избраниците на Мирсад Јонуз со победа над фаворитот имаат голема шанса да го поправат впечатокот.

Формула 1

Фетел најбрз во Сузука

Sebastian Vettel 10.10.2010

Себастијан Фетел беше најбрз во Сузука

Германецот Себастијан Фетел на Ред Бул стигна до победата на трката за Големата награда на Јапонија, која викендов се возеше на патеката во Сузука. Со освоените бодови, Фетел сега се искачи на третата позиција во генералниот пласман во кој води неговиот тимски колега Марк Вебер, кој трката во Јапонија ја заврши на втората позиција.

Двоецот на Ред Бул уште еднаш не се штедеше во меѓусебните дуели, па Вебер на крајот заостана само една секунда зад Фетел. „Добриот старт беше клучен. Двајцата успеавме да се одвоиме од групата и да ја контролираме трката“, изјави Фетел.

На третото место се искачи возачот на Ферари, Фернандо Алонсо, кој сега има ист број бодови- 206 како и Фетел, зад Вебер кој собра 220. Двоецот на Мекларен Џенсон Батон и Луис Хамилтон ги освоија четвртото и петтото место, а поранешниот светски првак Михаел Шумахер со Мерцедес заврши на шестата позиција.

За Фетел ова беше осма победа во кариерата, а младиот Германец успеа да им се придружи на Мика Хакинен и на Михаел Шумахер како единствени возачи кои успеале едноподруго да слават во Сузука.

До крајот на првенството остануваат уште три трки, а следната се вози на 24 октомври на патеката Јеонгам во Јужна Кореја.

Одбојка

Бразил ја одбрани светската титула

Машката одбојкарска репрезентација на Бразил ја одбрани титулата светски првак на Мундијалот кој во изминатите две недели се одржуваше во Италија. Во финалниот меч, Бразил за само 74 минути ја победи Куба со 3:0 и ја освои својата трета последователна титула светски првак.

Volleyball mit Spielerhänden

Бразил ја потврди доминацијата во светската одбојка

Бронзениот медал на светското првенство го освои Србија која во малото финале ја совлада Италија со 3:1. За најдобар играч на турнирот е прогласен Бразилецот Муриљо Ердеш, а покрај него во идеалната постава на светскиот шампионат се најдоа и: Никола Грбиќ (Србија), Ибан Перез (Куба), Максим Михајлов (Русија), Симон Робеланди (Канада), Клејтон Стенли (САД) и Фердинанд Тиле (Германија).

Автор: БГ/дв/дпа

Редактор: Александра Трајковска