1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија и Германија одат понатаму

На Светското првенство во ракомет, репрезентацијата на Македонија ја победи Русија со 36:30. Германските ракометари, очекувано, првиот круг го завршија како први во групата „Ц“.

default

Паскал Хенс

Македонските ракометари го постигнаа она што многумина до пред два дена можеби и не веруваа дека ќе се случи - се пласираа во вториот круг натпревари благодарение на победата против Русија. По наизменичното водство во првото полувреме на двете екипи, ракометарите на Македонија во вториот дел имаа целосна контрола на играта.

Handball WM 2009 Deutschland Polen

Германските навивачи не се сомневаа во силата на своите ракометари

И Германија е изненадување

По завршувањето на првиот круг натпревари во групата „Ц“ Македонија е на третото место, на второто е Полска, а Германија, заслужено на првото место. Ваквата позиција на германската репзентација, за дел од набљудувачите во Германија, пред се‘ за експертите за ракомет, е по малку и неочекувано, зашто ретко кој пред почетокот на првенството очекуваше така силна екипа. Капитенот на Германија, Михаел Краус со оценка: „Секогаш верувавме во нас и знаевме дека имаме многу млади играчи, но

Mazedonien Handball Nationalmannschaft

Македонската репрезентација им донесе огромна радост на навивачите

играчи кои се мотивирани, кои на секој тренинг даваат се‘ од себе, кои сакаат да играат и тоа е голем плус за екипата која сраснува .“

Дванаесет екипи се борат за медали

Германија, Полска и Македонија, сега се заедно во вториот круг натпревари во т.н. Втора група, каде доаѓаат уште репрезентациите на Србија, Данска и Норвешка. Во т.н. Прва гупа ќе играат Хрватска, Шведска, Јужна Кореја, Франција, Словачка и Унгарија. Учество во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани екипи, додека останатите ќе се борат за пласман од петтото до дванаесеттото место.