1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија и борбата против корупцијата и криминалот

Државата конечно ќе добие нов државен обвинител,важна институција што ќе ги забрза процесите на прогонот и пресудувањето

default

Владата на последната седница се определи за идниот државен обвинител Љупчо Шврговски,познат правник кој долго време е во Обвинителството.

-Тој колку што знам долгогодишен јавен обвинителискусен,затоа министерот за правда го предложи него,јавно го претстави лично премиерот Груевски.Шврговски треба да го замени остро критикуваниот претходник Александар Прчевски,во чие време во последните три до четири години Македонија доживеа растечки тренд на корупција.Заштитени функционери за чии финансиски добивки Антикорупциската комисија сметаше дека се со сомнително потекло и незаконски стекнати имоти.Македонија инаку е на 103 место по индексот на корупцијата според стандардите на Транспаренси Интернешнл.Долго се одвиваат процесите за криминални трансакции,чекаат судски процедури,банкари,адвокати,

бизнисмени за проневери од еден до 40 милиони евра.Актуелните скандали или откриените меѓународни канали на криминал од шверц со цигари,оружје и кокаин ја детектираат Македонија како своевидна сива зона на меѓурегионалните мафии.Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за ова реферираше во Дрезден и потпиша договор за соработка со претставниците на европската полиција.Таа демантира дека претставниците на меѓународните полициски органи го критикувале МВР за последната акција со кокаинот и предвременото пресечување на шверцерските канали:

-Неколкуте континуирани успешни акции на МВР како дел од извештајот за нашата работа беа позитивно поздравени од највисоките претставници на ЕК и на колегите министри,вели во изјава од Дрезден министерката Јанкуловска.

Но битката против криминалот во Македонија не зависи само од судството и полицијата,што се важни институции во прогонот,вели Едвард Линтер,европратеник и претседател на Комисијата за обврски од Стразбур:

-Битката против криминалот е долг и тежпк процес,не е доволно само да се донесат законите во парламентот,треба да се промени свеста,нешто во мозокот на луѓето,вели гостинот од Советот на Европа кој беше во мониторинг на институциите во Македонија.