1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија и Албанија на ист пат-кон ЕУ

Македонската вицепремиерка задолжена за европски прашања Теута Арифи синоќа имаше средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Јозефина Топали.

default

Теута Арифи

Арифи и Топали разговараа за европските перспективи на двете земји, при што заклучија дека европската интеграција на Македонија и на Албанија, но и на другите држави од регионот, е значајна за натамошниот напредок на целиот регион.

Вицепремиерот Арифи се осврна на конкретните реформи од европската агенда кои се спроведуваат во Македонија, особено во петте области опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво.

Jozefina Topalli

Јозефина Топали

Република Албанија ја поддржува интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури, рече Топали, потенцирајќи дека градењето на добрососедските односи е значаен елемент кој оди во прилог на европската интеграција.

Двете соговорнички оценија дека постои одлична соработка меѓу Македонија и Албанија и разменија мислења околу можностите за нејзино унапредување преку размена на искуства и учество во заеднички проекти и иницијативи. Во тој контекст беше нагласена потребата максимално да се користат можностите што ги нуди Инструментот за претпристапна помош – ИПА, особено компонентата за прекугранична соработка, соопшти Секретаријатот за европски прашања во Скопје.