1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија има уште многу до целта

За Германија во перспектива е многу важно Македонија да стане дел од Европа, затоа во сите сфери ја поддржуваме земјата на интегративниот пат. Ова е порака на група германски парламентарци кои се во посета на Скопје.

default

Скопје-сепак на добар пат до НАТО и ЕУ,оценуваат германските парламентарци

Делегацијата ја сочинуваат членови на Бундестагот од Комитетот за петиции, што го следи процесот на демократизација и напредокот во сферата на човековите права. Заклучокот е дека земјата бележи напредок на ова поле, но препораките се процесот да продолжи. Специјално за за Дојче Веле ги пренесува Клаус Хагеман од СПД:

“Нашите сугестии се да продолжите на овој пат, да ја демократизирате дополнително ситуацијата, да се вклучат сите луѓе во процесот на дебата и донесување на одлуки, да се стимулира развојот на цивилното општество“, вели Хагаман, а неговиот колега од опозициската партија на Зелените Јозеф Винклер по средбата со омбудсманот и со повеќемина македонски парламентарци оцени:

“Многу е важно тоа што луѓето во Македонија во демократскиот процес не учествуваат само во текот на изборите туку и потоа. Мислеме дека ситуацијата ќе се подобрува и во наредните години бидејќи сегашното ниво не го задоволува европскиот стандард,“ вели германскиот парламетарец од редовите на Зелените и објаснува зошто:

“Има многу лутина меѓу политичките партии и меѓу етничките групи, што не е добро и мора да се менува. И тоа со забрзано темпо, во наредниот период. Македонија е на добар пат до НАТО и подоцна до Европската унија но мора да се изодат голем број чекори до целта“.

Во Германија постои консензус во врска со Македонија

Во составот на тимот од германскиот Бундестаг, што ја посети Македонија, беа пратеници од повеќе парламентарни партии. Според нив, во Германија постои консензус дека Македонија и припаѓа на Европа и оти земјата треба да стане членка на Унијата кога ќе биде подготвена. Пратеникот Винклер вели:

“Во надворешната политика обично нема големи разлики во ставовите на впадачките и опозцисиските партии. И партијата на Зелените смета дека Македонија на долг рок треба да стане дел од Европа, но не е наша должност туку на македонката влада и на парламентот“ е да го забрзуваат тој процес.

Различни прогнози за подготвеноста на Македонија

Проценките на германските политичари кога Македонија ќе биде поготвена за членство во Унијата се различни. На прашањето на Дојче Веле колку време ќе и треба да земјата да ги исполни условите ако продолжи да ги спроведува реформите со сегашното темпо, пратеникот Хагеман од владеачката СПД вели:

“Видете, ние се подготвувавме за во Европа 20 години, и тоа во онаа стара Европа, тоа не може да се направи за 10, 15 години, ќе ви треба долго време да се подготвите“.