1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија има производи, но потребна е поголема промоција

Македонија треба да работи уште многу за да привлече повеќе странски инвестиции и да го поттикне извозот на домашните производители.

default

Првиот човек на Советот на странски инвеститори во земјата Колин Џефри, смета дека за Македонија е предност што не е членка на ЕУ. Можноста за инвеститорите да вложат на пазар кој нуди поголеми поволности од оние во Европа ќе ги привлече инвеститорите, но само тоа не е доволно, смета Џефри:

„Владата мора да одлучи што сака, дали да ја подобри невработеноста или БДП. Странските директни

Symbolbild EU und das Geld

НАТО и ЕУ се стратегиска цел на Македонија

инвестиции се неопходни, но исто така и развојот на домашните производители. Македонија има предност што не е членка на ЕУ, што мислам дека не е гледиште на владата. За инвеститорите Македонија може да понуди бенефиции што ги нема во унијата, како даночни олеснувања и работењето во слободните зони. Имате производи и услуги што можат успешно да се продаваат во Европа, но и на пазарите во северна Африка, но потребна е поголема промоција.“

Земјоделството како гранка е една од клучните за развој на извозот, посебно винарството. Исто така потенцијал има и во информатичката технологија и услужниот сектор. Фирмите членки на Советот на странски инвеститори сметаат дека се потребни промени на економскиот модел за економски развој и поголема промоција на извозот. Клучно, според нив, е владата да вложува во инфраструктурата, но и да се намали и направи поефикасна јавната администрација.

Позајми, но троши паметно!

„Можат да се позајмуваат пари, но да се трошат паметно, во инфраструктура. Мислам дека тоа е клучно. Исто така, кога станува збор за приватниот сектор и јавната администрација имаме многу примери од регионот. Во Грција, на пример, јавниот сектор ја уништи државата. Сите го разбираат тоа, но прашањето е што се прави во

Logo Macedonina timeless

Земјоделството како гранка е една од клучните за развој на извозот, посебно винарството, а потенцијал има и во информатичката технологија и услужниот сектор

врска со тоа. Мислам дека е многу важно дали нашите сугестии ќе се применат. Ако за една година бидат имплементирани 10%, тогаш е добро“, вели Теодорис Василис од фирмата Алијанс Оне Кавадарци.

Зоран Мартиновски, претставник на ИФЦ, Меѓународната финансиска корпорација за Македонија, смета дека можеби во моментов земјата нуди предности за инвеститорите што не е членка на ЕУ, но долгорочно има само една алтернатива:

„Се согласувам дека ова отвора алтернатива во наредните 5, 10, 15 години, додека трае процесот на пристапување кон ЕУ. Но, долгорочно бенефитот од ова ќе го имаат само инвеститорите, но не и самата држава. Еколошките стандарди се добар пример. Прашањето е дали сакате да ја привлечете т.н. валкана индустрија само затоа што сте поатрактивни од Бугарија на пример или друга земја од ЕУ. Но, не треба да се заборава дека НАТО и ЕУ се стратегиска цел на Македонија и тоа не треба да се смени“, смета Мартиновски.

Советот на странски инвеститори е основан во 2006 година со одлука на Стопанската комора. Станува збор за асоцијација која дава советодавни мислења и предлози за најважните прашања од економската сфера, особено во делот на поттикнување на инвестициите во македонското стопанство.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска