1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија избори учество на ЕП во ватерполо

Македонската ватерполо репрезентација со победата од 12:4 постигната синоќа (29.10.2011) на Олимпискиот базен во Скопје избори трето учество по ред на Европските првенства.

default

Македонските ватерполисти повторно на ЕП

Македонските ватерполисти во реванш баражот ја декласираа Франција со 12:4 (4:1;3:1;1:1;4:1) и успеаја да ја надополнат негативата од два гола од првиот дуел.

Повеќе од 1.000 гледачи во текот на целиот натпревар ја даваа потребната подршка за македонската репрезентација, која целиот натпревар го одигра на високо ниво и перфектно во одбраната, а „триколорите“ од 13 ситуации на играч повеќе постигнаа само еден гол.

„Бевме фантастични во одбраната, а во модерниот спорт се тргнува од добрата дефанзива. Честитки за играчите, но и за одличната публика“, рече селекторот Игор Гочанин по завршувањето на натпреварот.

Мирослав Ранџиќ постигна четири гола, Саша Мишиќ три, Данијел Бениќ два, а по еден гол дадоа Иван Вуксановиќ, Милан Петровиќ и Борис Летица.

Покрај Македонија преку баражот пласман на Европското првенство изборија и Грција, Романија, Турција и Германија.

Последниот учесник ќе биде познат утре по одигрувањето на реваншот Шпанија – Русија. Шпанија на првиот натпревар победи со 13:6.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 11 ноември во Ајндховен.

Автор: СН/ АТ /миа

Редактор: Александра Трајковска