1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – изборен законик

*

Македонската влада до собранието ги достави предлог-измените на Изборниот законик, според кои во иднина парламентот наместо 120 би броел 133 пратеници. Портпаролот на владата, Ивица Боцевски изјави дека со измените треба да се воведе посебна изборна листа за етничките заедници по принцип на загарантирани места, а три пратенички места треба да добие и дијаспората, и тоа по едно од Европа, САД и Австралија. Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски соопшти и дека македонската дипломатско-конзуларна мрежа ќе биде проширена со три нови конзулати во Минхен, Венеција и Мелбурн, за чие отворање постапката е веќе почната. Отворање нова амбасада се најавува во Прага и тоа до крајот на годината.