1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија зема заем од 97 милиони евра за здравството во земјата

Со парите од заемот кои Управниот одбор на Банката за равој на Советот Европа и’ ги додели на Македонија, треба да се реновираат болници во Скопје и Штип.

Заемот од 97 милиони евра, како што информира амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа, Петар Поп Арсов, е доделен по барање на Владата на Република Македонија, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и за подобар пристап до него.

Заемот ќе треба да биде искористен и за реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип. Овие проекти би требалo да го прошират прiстапот до здраvствените услуги, да го подобрат нивниот квалитет со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здрастевни установи.

Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со бегалците, а потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.

Заемите на ЦЕБ за проектите предложени од 41 земји-членки се даваат по поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.