1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија за првпат го слави 23 октомври

*

Република Македонија денеска за првпат го одбележува 23 октомври, Денот на револуционерната борба и создавањето на Македонската револуционерна организација. Премиерот Никола Груевски претпладнево во парламентот изјави дека 23 октомври е празник на сите граѓани. Груевски зборуваше на доделувањето на државната награда 23 октомври за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата и образованието, заштита на државните интереси и вредности. Признанието го добија д-р Танас Вражиновски, етнолог, професор д-р Тахир Зајази методичар и академик Гане Тодоровски. На церемонијата не беа присутни претставници на СДСМ и ЛДП.