1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија заслужува угледен известувач

Наредниот известувач за Македонија во Европскиот парламент треба да биде европратеник кој ужива голем углед и репутација и да не биде од соседна земја, изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

default

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

Непишано правило е известувачот за Македонија во ЕП да не биде од соседна земја за да се избегнат одредени недоразбирања и погрешни толкувања, смета министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Тој вели дека од која земја ќе доаѓа следниот известител во Европскиот парламент одлуката ќе ја донесе самата институција, но додава дека како што следува во самата поделба во ЕП, се очекува тој да биде од групата на социјалистите.

Bulgarien EU Europaparlament Kristian Vigenin

Привремениот известувач на ЕП за Македонија, бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин

Според министерот, бришењето на терминот македонски од последниот Извештај на ЕП е резултат на агресивната грчка дипломатија и чекорите кои таа ги презела особено, како што рече, по Самитот на НАТО во Букурешт.

Запрашан за коментар на изјавата на европратеникот Јелко Кацин дека Македонија назадува во напредокот кон ЕУ изминативе години, Милошоски посочи дека земјата напротив, напредува во реформите и оти тоа меѓу другото може да се види од повеќе извештаи.

„Напредокот на Македонија е мерлив според извештаите на ЕК, според извештаите на Транспаренси Интернешнл но и според многу видливи и реални критериуми. Ценам дека во економијата, правосудството, образованието, инфраструктурата, човековите права и сите други области кои се важни како политички критериуми за една држава Македонија во изминатите пет години секоја година остварува подобри резултати“, рече Милошоски.

Тој додаде дека сите добронамерни критики кои се упатуваат до земјава се дополнителен поттик и мотив да се вложи повеќе во реформите бидејќи, како што рече, тие не се прават за Брисел, туку пред се за подобар животен стандард во Република Македонија.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски