1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија е успешна европска приказна

Европската комисија во Брисел препорача на Македонија да и биде даден кандидатски статус,но датум за почеток на преговори не е утврден.

Оли Рен-позитивен извештај за кандидатски статус

Оли Рен-позитивен извештај за кандидатски статус

„Македонија чука на европските врати“,вака европскиот комесар за проширување Оли Рен ја соопшти одлуката на ЕК ,која денеска од Брисел им препорача на европските влади да ја прифатат Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ.

„Ги одмеривме и позитивните и негативните страни и едногласно одлучивме да препорачаме кандидатски статус за Макеоднија рече Рен и додаде:

„Македонија е европска и генерално гледано успешна приказна во смисла на политичката стабилност и демократскиот развој“,додаде еврокомесарот.Според Оли Рен Македонија направила огромен во смисла на имплементацијата на демократските стандарди,но сепак има сериозни административни слабости,како и проблеми со примената на европската легислатива.Токму затоа конкретен датум за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ сеуште нема.За тоа ќе се решава кога Македонија ќе ги исполни стандардите што од неа се бараат.Имено,ЕК во опширен извештај ги навела своите забелешки.Во него на прво место како клучен приоритет е наведено дека земјата мора да спроведе фер и демократски избори наредната година,да ги донесе законите за полицијата,да го реформира судството,да обезбеди владеење а правото на целата територија на Македонија,да се справи со корупцијата,да ,да ја упрости процедурата за регистрирање на компаниите.Ова се само дел од забелешките на Брисел кој во наредниот период ќе ја набљудува Македонија околу тоа колку ги постигнала бараните стандарди.Што се однесува до спорот околу името на Македонија со Грција еврокомесарот повтори дека двете земји ова прашање треба да го решат билатерално и дека ЕУ нема компетенции да се меша во спорот.