1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија е сјајна земја!

15 годишнината од независноста на Македонија вчера се одбележа и во Берлин. Во организација на македонската амбасада најпрво беше оддржан свечен прием, а потоа со концертот на групата Синтезис во престолнината стартуваа првите Денови на македонската култура во Германија.

“Во едно меѓународно друштво ја славиме 15 годишнината на мирна, независна и европска Македонија. Горд сум зашто во текот на овие 15 години Македонија на секој чекор и во секој миг докажа дека е навистина оаза на мирот.Се сеќавам на една случајна средба во Охрид, кога еден мој пријател, инаку академик, ме праша што мислам за иднината на Македонија. Му кажав дека таа ќе биде сигурна и успешна... И така е. Македонија е сјајна земја!”

Ваква е накусо сликата за Македонија во нејзините 15 години независност која синоќа ни ја пренесе Волф Ошлис, Германец, вљубеник во Македонија. Тој и неговата сопруга минаа 700 километри од Келн до Берлин, само за да присуствуваат на традиционалната свеченост по повод 15 годишниот јубилеј, што се оддржа во Европската Акасдемија - Берлин. Со чаша македонско вино за долговечноста на земјата, во релаксирана атмосфера, збогатена со концертниот настап на македонските оперски уметници Ахмети-Цуцковски, наздравија многу Македонци од сите краишта на Германија, но и бројни Германци и пријатели од светот.

Денот се поклопи и со стартот во престолнината на Деновите на македонската култура во Германија, поради што тука се најде и новиот министер Илиријан Бекири. За манифестацијата и престојот Бекири за нашата програма кажува дека имал средби со повеќе германски уметници и со Деновите се потврда за приближувањето на Македонија кон ЕУ. Културата нема граници и Бекири најави планови во развојот на мултикултурноста каква што се негува во Германија. Инаку во 1996 година е потпишан меморандум за културна соработка меѓу Македонија и Германија. Таа сортаботка и до сега беше плодна, вели Бекири, а и натаму ќе продолжи. За Деновите на македонската култура, кои синиќа во Берлин беа во знакот на групата Синтезис, македонскиот амбасадор во Германија Ѓорги Филипов вели дека тоа е уште едно претсавување на македонската уметност, музика, театар, филм. Меѓутоа, за разлика од поединечните претставувања, кои и до сега ги имаше, сега станува збор за едно покоплексно презентирање.