1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Македонија е сериозна“

По посетата на Македонија, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Луис Мариа де Пуч е задоволен од сериозноста со кое е сфатено идното претседавање на Македонија со Комитетот на министри на СЕ.

default

Луис Мариа де Пуч

Претседателот на ПС на СЕ, Луис Мариа де Пуч е задоволен од од посетата на Македонија. „Ќе ви речам дека пронајдов не само коректно расположение, туку и ентузијазам кон Советот на Европа. “

Во разговорите со домаќините тој зборувал за, според него, „малите постоечки проблеми“ во македонската демократија, политичкиот амбиент, дијалогот меѓу опозицијата и владата, како и некои аспекти поврзани со проблематиката на малцинствата.

„Во мојата интервенција пред Собранието, реков се‘ она што ПС на СЕ мисли дека треба да се подобри во Македонија. Имав совршен прием и ангажирања во однос на нашите барања. Ни‘ беше ветено дека ќе се

Luis Maria de Puch und Trajko Valkanosvski

Од посетата на Де Пуч на Македонија (на фотографијата со претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељановски)

напредне во деловите од законодавната област, како на пример законите поврзани со изборите, правосудството и серија политички мерки кои се во насока на нашите барања. Затоа, се вратив многу задоволен од посетата.“

Со оглед дека Македонија за нешто помалку од една година, во мај 2010, го презема претседавањето со извршниот орган на СЕ - Комитетот на министрите, разбирливо е дека тоа прашање била една од темите за кои се разговарало.

Амбасадор е потребен под итно!

„По Словенија и Швајцарија, Македонија е таа којашто ќе претседава. Ние започнавме да работиме веќе на подготовките на тоа претседателство и можев да констатирам дека тоа е сфатено сериозно и се чувствува дека таа сака ова претседателство да успее. Од моја страна, посакувам тоа претседавање да биде успех и за Советот на Европа“, вели Луис Мариа де Пуч.

Претседавањето со Комитетот на министрите на Советот на Европа, за една земја како Македонија може да се покаже многу корисно за нејзината меѓународна афирмација и посебно за зајакнување на нејзините позиции. Но, под услов ако тоа претседавање е добро однапред подготвено. Затоа, многумина во Стразбур советуваат Македонија да назначи што е можно побрзо амбасадор на местото на досегашниот амбасадор, чиј мандат истече во април. Земјата не смее да си дозволи да нема амбасадор само десетина месеци пред преземањето на претседателството, бидејќи таа треба да смета и на непредвидени ситуации и кризи, како на пример кризата со која раководи актуелното словенечко претседателство.

Криза во Советот на Европа

Словенија се соочува со внатрешна криза на Советот на Европа, откако ПС на СЕ одби да гласа за избор на Генерален секретар на СЕ. Имено, парламентарците од 47-те земји членки на СЕ, не се согласуваат со претставниците на нивните влади кои

Europarat Straßburg

Советот на Европа

заседаваат во Комитетот на министрите, околу начинот на кој беа селекционирани кандидатите за Генерален секретар.

ПС на СЕ е незадоволно од менувањето на правилата за селекција на кандидатите во текот на изборната постапка од страна на Комитетот на министрите, потоа недавањето на ниту една причина за начинот на изборот или елиминирањето на кандидатот, исто како и за соочувањето со неможноста политички да се избира, бидејќи двата преостанати кандидати се со иста политичка боја. По одбивањето да гласаат на јунската сесија за нов Генерален секретар, изгледа дека Комитетот на министрите е подготвен да направи отстапки, но тогаш гласањето би требало да се одржи во септември.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска