1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е пример за меѓуверски соживот

Ако во секој човек се роди Исус Христос, тогаш да бидеме сигурни дека спасителот ќе внесе мир, вели бискупот Стојанов по повод Божиќ. Тој ги оценува односите меѓу Македонија и Ватикан како добри.

default

Ватикан

ДВ: Бискупe Киро Стојанов, оваа година беше бурна за католичката заедница во Македонија, кои настани се вредни за споменување во билансот за 2009?

Бискуп Киро Стојанов: На самиот почеток на годината уште во јануари отворањето и благословот на спомен куќата на блажената Мајка Тереза. Потоа би го споменал 10 мај, кога почна одбележувањето на годината на Свети Павле во Македонија, ние верниците во Македонија централната прослава ја направивме на овој датум во Скопје и тогаш прославивме 10 години од мојата хиротонија. Голем јубилеј за нас е 150 годишнината од раѓањето на основачот на сестрите евхаристинки, сестра Еврозија Алоати, која заедно со својот брат уште во 1889 година во Солун ја основаат првата и засега единствена монашка женска заедница во Македонија. Потоа ја отвораат својата куќа во месноста Паљурци каде според преданието бил и самиот Свети Павле и неговиот ученик Лука кој го шири христијанството во Македонија. Исто така за Католичката црква во Македонија еден од најголемите настани е 150 годишнината од Кукушката унија. Пред 150 години кукушани барајќи спас за зачувување на својот обред, традиција, култура и јазик се обраќаат до светиот отец Папа не наоѓајќи на друго место поддршка. Тогашниот папа Пиј 12 им излегува во пресрет, ги прифаќа такви какви што се, без промени во обредот, во свештенството, дозволува мајчин македонски јазик во училиштата, единствено бара да го признаат Светиот отец Папа како поглавар на црквата.

Како ги оценувате односите помеѓу Македонија и Ватикан денес?

Односите се добри, можам слободно да речам. И од страна на државниот врв и од Ватикан постои добра релација. Многу работи одат напред, се развиваат. Односите можат да се развиваат уште повеќе, но во овој момент се дојдени дотаму што претседателот Ѓорге Иванов, во својата прва посета на Ватикан усно го покани светиот отец Папа да ја посети Македонија, најавувајќи писмена покана што во септември годинава ја испрати министерот за надворешни Антонио Милошоски.

Очекувате ли посетата на Папата Бенедикт Шеснаесетти на Македонија да се реализира во 2010 година?

Кога точно ќе се случи посетата не би можел да предвидам, но јас сум отпимист и се надевам на таа посета. Мислам дека Католичката црква верниците и сите граѓани ја имаат таа желба, се надеваат, го очекуваат Папата. Мислам дека еден народ кој е побожен, народ кој е во еден буен црковен развој заслужува една таква посета. Се надевам дека Светиот Отец Папа позитивно ќе одговори на поканата.

Со какви проблеми се соочува католичката заедница во Македонија?

Сите ние и како индивидуи и како општество имаме свои тешкотии. И црквата има свои проблеми. Во секој случај очекувам дека во најскоро време ќе биде позитивно решено со одобрение на локацијата за градба на новата резиденција. Очекувам позитивен одговор од Комисијата за денационализација за споменатиот терен во Паљурци што припаѓа на сестрите Евхаристинки.

Овозможува ли Македонија остварување на верските права и слободи или има простор за критика? Обединетите нации внимателно ги набљудуваат случувањата во религиската сфера?

Мислам дека ако гледаме и во останатите земји Македонија може да биде пример за односот на државата кон верските заедници и верските заедници помеѓу себе. Нема ваква мозаичка држава која е составена од многу етнички и верски заедници, а функционира на толку завидно ниво. Затоа треба да бидат задоволни и надворешните фактори и да го следат примерот на Македонија.

Како духовен водач на една заедница во Македонија каква е пораката за утеха што можете да ја испратите во ова немирно време на криза што ги има зафатено речиси сите сегменти на човековото живеење?

Божиќ е празник на радоста на мирот. Ова спокојство може да ни го даде самиот Господ Бог преку дејствувањето на светиот дух и мислам дека еден народ свртен кон Бога треба да има верба и надеж дека сите тешкотии можат да се надминат.

Како го објаснувате трендот на враќање кон црквата на луѓето и вербата пред се’ на младите кои во последниве години се помасовно се вртат кон Бога?

Мислам дека младите чуствуваат една празнина во себе која можеби не можат да им ја исполнат нивните родители па бараат нешто во духовноста, црквата. Мислам дека таа празнина се исполнува токму со христијански дух.

Како ќе го прославите Божиќ годинава?

За овој голем празник на радоста и мирот, им посакувам на своите верници и на сите граѓани тој празник на радоста, односно Христовото раѓање да се роди во сите срца, во сите души, во сите семејства. Ако во секој човек се роди Исус Христос, тогаш да бидеме сигурни дека спасителот ќе внесе мир, оптимизам и подобар живот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска