1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е пред сериозен крстопат, предупредува ЕУ

Македонија е пред сериозен крстопат, предупредуваат во денешната заедничка изјава европарламентарците од Словенија и Германија, Зоран Талер и Јоргос Шацимаркакис.

default

Јорго Шацимаркакис

„ЕУ е загрижена поради последните случувања во земјата. Ги повикуваме сите страни да отпочнат дијалог за да се најде компромисно решение. Се уште не слушнавме јасна порака од премиерот Груевски во поддршка на слободните, независни и критички медиуми. Политичкото влијание врз медиумите е причина за сериозна загриженост“, се наведува во реакцијата на европарламентарците Талер и Шацимаркакис.

„Бојкотот на парламентот од страна на опозицијата е сериозен сигнал дека земјата е во политичка криза. Ја повикуваме опозицијата да ја разгледа својата одлука“.

„Земјата е пред сериозен крстопат и се надеваме дека ќе ја избере вистинската насока: насока на демократија, членство во ЕУ, мир, стабилност и добробит на секој граѓанин“, се наведува во соопштението на европарламентарците Талер и Шацимаркакис.

Автор: ТГ/еу

Редактор: Борис Георгиевски