1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е подготвена за НАТО

Решете го спорот со името и вратите на Н АТО автоматски ви се отвораат, ова е пораката на НАТО-тимот што два дена ја скенираше македонската подготвеност да пристапи кон Алијансата.

default

Роберт Симонс и Антонио Милошоски

Роберт Симонс, помошник на генералниот секретар на Алијансата за политичка соработка и безбедност, кој ја предводеше политичко ексертската екипа денеска( 30.04.2009) во Скопје изјави:

„Основното решение од Букурешт останува. Владите на НАТО тоа го потврдија и на последниот самит во Стразбур и Кел, Македонија може да биде примена во НАТО штом ќе го реши проблемот со името.“

„ Во врска со зачленувањето во НАТО, ја искажавме нашата подготвеност да продолжиме со дијалогот кој го имаме со Република Грција под покровителство на ОН“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Во Скопје се очекува во проштална посета и генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM