1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е подготвена да ги преземе хашките случаи

Семејствата на киднпирните од конфликтот 2001 побараа да им биде одземен имунитетот на поранешните припадници на ОНА кои имаат удел случајот, а сега се во Парламентот. Земјата е подговтена да ги преземе хашките случаи.

default

Трибуналот во Ден Хаг

Претставници на семејствата на киднапираните вчера беа примени од спикерот на Парламентот Љубиша Георгивски од кога побараа за ова нивно барање за симнување на имунитетот да се свика Комисија за мандатно - имунитетнтни и деловнички прашања. Претседателот на Парламентот, според претставниците, наводно им ветил дека барањето ќе го постави на разгледување пред Комисијата за мандатно - имунитетни и деловнички прашања.

Досието на киднапираните Македонци, како еден од четирите Хашки предмети, наводно треба прво да се врати од Хаг во Македонија, уште во февруари. Државниот обвинител Љупчо Шврговски и министерот за правда Михајло Маневски пред една недела соопштија дека Македонија е подготвена да ги преземе четирите случаи од Хаг, не прецизирајќи точен датум кога тоа ќе се случи. Неофицијално се говори дека тоа ќе се реализира дури по завршувањето на самитот на НАТО во Букурешт на почетокот на април.