1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија е партнер од доверба!

Постигнатото на полето на демократизацијата, имплементирањето на Охридскиот договор и стопанските реформи испраќаат позитивни сигнали кон ЕУ, која кон Македонија гледа како на партнер од доверба. Ваков став изнесоа германските и европските политичари и експерти на конференцијата посветена на Македонија и Западниот Балкан која во организација на Друштвото за Југоисточна Европа и Фондацијата Конрад Ад

default

�науер се одржа во Берлин

Европската перспектива на Македонија и земјите од Западен Балкан не е спорна. Маѓутоа, за полноправното членство решавачко ќе биде спроведувањето на реформите и исполнувањето на политичките и економските стандарди, што недвосмислено е заложба и на македонската страна. Дотогаш, пак, останува на Европската Унија да изнајде начин за олеснување на визниот режим, со што би и се овозможило на младата генерација, која живее како во гето, навистина да ги почувствува благодетите од отворениот континент.

Ваквиот позитивен тон и презентацијата за успешна приказна за Македонија и она што е направено особено во последниве 5 години, на вчерашната конференција ја дадоа европските и германските политичари и експерти. Не занемарувајќи ги проблемите кои Унијата ја втурнаа во криза, Гернот Ерлер, претседател на Друштвото за југоисточна Европа и државен секретар во германското МНР, потсети дека Европа стои пред два големи предизвика: “Имаме големни грижи со идниот статус на Косово, за кој шансите за консензус се повеќе исчезнуваат. Со тоа работите стануваат се потешки.Од дуга страна, престои реорганизација на Пактот за стабилност“.. подвлекувајќи:

"

Ова се тешки процеси кои престојат и затоа ни треба способни и партнери од доверба. Македонија е еден таков партнер за овие две тешки задачи "- истакна Гернот Ерлер потсетувајќи дека Македонија е своевидно чудо на Балканот ако се има предвид што се и се случуваше во последниве госдини. Земјата се наоѓа на второ место по Хрватска на патот кон ЕУ поради што и тој со нетрпение го очекува ноемврискиот извештајот на Европската Комисија за резултатите од реформите.

Дорис Пак, еврппарламетрака која 17 години е присутна во регионот се осврна на Охридскиот договор како основа за модерниот развој на земјата и потсети за грешките од минатото направени со населението со албанско потекло. И таа смета дека местото на Македонија е во ЕУ:

"

Ние имаме свој интерес и не се ангажираме од некака широкоградост. Македонија е во центарот на Европа. Обиколена е со земји на ЕУ и она што го правиме, го правиме за нашата стабилност. Но, нема да ги повториме грешките..Полноправно членство ќе и се даде на секоја земја тогаш кога ќе ги исполни условите.Пред 2009 нема да има нови членства зашто ЕУ мора да се реформира. Реформите во ЕУ и реформите во Македонија се два воза кои одат паралелно" - вели Пак.

Вистински позитивна слика за направеното во Македонија пред учесниците на конференцијата даде европерставникот Ерван Фуере. Тој лобираше за земјата која го пленила со своите убавини,топлина и гостопримство на луѓето кои и во најсиромашното село дојденците ги пречекуваат со насмевка и чашка домашма ракија. Фуере потсети на критичниот момент пред кој, поради Косово, стои ЕУ. Потенцираше дека реформите во Македонија треба да се направат не заради стандардите на Унијата, туку пред се заради населението. Тој го пофали и даде пресек на се она што е реализирано - како по однос на економските и политичките реформи, така и од аспект на демократизацијата , имплементацијата на Охридскиот договор и регионалната соработка. Но, имаше забалешки, за она што не чини: големата невработеност, влијанието на партиските врски, корупцијата и криминалот. Критички се осврна и врз ригидниот став на Унијата по однос на најболноот прашањење за обичниот човек - визите:

"Дали е во интерес на ЕУ да го изолира населението во регинот? Тешко се стигнува до визи, така што има нови генерации кои не стапнале во ЕУ. Заради визете не ни можат. Бидејќи ова одлука на земјите членки на ЕУ, би апелирал до сите нив за олеснување на визниот режим“ - повика Фуере изразувајќи надеж дека овој процес конечно ќе биде отворен и потсетувајќи дека визите не се проблем за оние кои се занимаваат криминал, туку ги погаѓаат само обичните луѓе. "

Позитивната слика која за Македонија ја дадоа германските и европските учесници на конференцијата, недостигаше влакно целосно да падне во вода од црните сценарија со кои својата сопствена земја ја претставија неколкумина од македонските учесници. Тие настапија со тезите дека “ништо не чини, нема демократија, не се почитуваат правата на малцинствата, Македонија е на работ на нови конфронтирања“. Се заборави на реалноста: дека никаде не е идеално и секаде има проблеми. Дека може да се критикува она што не е направено, но недозволиво е да се негира она што и другите го вреднувале. По ваквото оцрнување на земјата која идната година очекува датум за преговори со ЕУ , постигнатото го бранеа Марјан Ѓорчев, Јован Теговски и поранешниот германски амбасадор во Македонија, Лотар Штепан.Ситуацијата, сепак, ја спаси вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска. Таа потсети дека токму Унијата во декемвриската покана за членство Македонија ја оквалификува како стабилна демократска земја каде се почитуваат правата на малцинствата.

"

Ние може да бидеме модел за меѓуетничка толеранција. Има различни мислења, но резултатите се видливи. 80 проценти од Охридскиот договор се имплементирани. Не велам дека сме перфектни, но тоа е платформата и базата која е добро етаблирана и во иднина ќе се доразвива"- икстакна Коневска Трајковска посочувајќи дека до полноправното членство на Македонија во ЕУ кое не очекува да биде подаренио, туку одработено престои уште многу ангажман.